Беловски: “Репортери без граници“ ги нотираа проблемите за кои алармиравме

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

- Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.