Белгија одбива мирно да го предаде претседавањето со Европската унија на Унгарија
Белгија одбива мирно да и ја предаде палката за претседавање со ЕУ на Унгарија.
На само еден месец од истекот на претседавачкиот мандат со ЕУ, шефицата на белгиската дипломатија, ги повика земјите членки на Европската Унија, да ја одобрат употребата на тн. “нуклеарна опција” односно најсериозната политичка санкција за Унгарија - суспензијата на правото на глас за одлуките на ЕУ.
- Имаме Европа која тешко напредува при што, за жал, некои држави – особено една – сè повеќе усвојуваат трансакциски, блокирачки став и став за вето. Мислам дека треба да имаме храброст да донесуваме одлуки: одиме веднаш до крајот на членот 7, активирајте го членот 7 до крај, кој предвидува крај на правото на вето. - вели Хаџа Лахбиб МНР Белгија.
Унгарија, пак, треба да го преземе претседавањето со Советот на ЕУ од 1ви јули. Тоа значи официјална Будимпешта и Виктор Орбан ќе имаат повеќе овластувања за поставување на агендата и приоритетите на ЕУ за следните шест месеци.
Фрустрирани поради блокадите кои ги прави Унгарија, другите земји-членки изминатиот месец бараат тн. креативни начини да ја заобиколат Будимпешта, а место проширувањето, да и дадат и послабо портфолио во новиот состав на Европската Комисија.
- Има најави овие денови дека Унгарија повторно може да го бара ова портфолио, но воедно постои негативен одговор од голем дел од државите членки. Меѓутоиа, од друга страна е колку некои од поголемите држави-членки ќе го земе тоа портфолио во своите раце или пак ќе сака нешто што е позначајно на ниво на ЕУ. Ние знаеме дека Во 2004-2007 Германи го држеше ова пртфолио - кога се случи големото проширување, така да , сигналот на тоа, кој ќе го земе е многу значаен, како што е и планирањето на новиот буџет и програмата на таа Комисија. - вели Симонида Кацарска ЕПИ.
Експертите велат дека Унгарија од моментот кога ќе ја преземе палката за претседавање со ЕУ, ќе има големи прашања на својата маса, особено околу координирањето на својата агенда. Очекувањата се пак дека можеби Самитот - Западен Балкан ЕУ, кој вообичаено се случува во вториот дел од годината, не е исклучено да биде во Македонија.