Белата орхидеја

Срамежливата и повлечена триесетгодишна Клер Декер е истражувач во социјалните служби. Обично ги решава случаите кога постарите сограѓани починале сами, не оставајќи никакви упатства за наследување на имотот. Меѓутоа, овој пат Клер неволно е вмешана во мистериозно убиство. Локалната полиција не успеала да го разреши грозоморното злосторство, ниту да го дешифрира вистинскиот идентитет на жртвата. Убава и мистериозна млада русокоса со прекар „Бела орхидеја“ била брутално убиена. Колку Клер се повеќе и повеќе интимно се вклучува во животот на починатата девојка, толку повеќе таа е принудена да донесува ризични одлуки и да ги поместува личните и професионалните граници. Поблиску до вистината, Клер мора самата да стане „Белата орхидеја“ за да го реши мистериозниот случај.