Белата куќа тајно работи со Русија на нов план за Украина

Администрацијата на Трамп тајно формулира нов план за завршување на војната во Украина во консултација со Русија, објави Axios, повикувајќи се на американски и руски претставници. 

Станува збор за план од 28 точки инспириран од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа. Слично на планот за Газа, предлогот би се состоел од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идни односи на САД со Русија и Украина“, објави Axios. 

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, го предводи формирањето на планот и „опширно го дискутирал со рускиот претставник Кирил Дмитриев, објави Axios.