Белата чума зема замав во Македонија

Ниските плати, нефункционалниот правосуден систем, неможноста да се добие соодветна здравствена заштита ги натераа граѓаните да купат карта во еден правец и засекогаш да се збогуваат со татковината.

Од Македонија се иселуваат и пекари и лекари. Во еден куфер го пакуваат животот и започнуваат од почеток, со надеж дека западно европските земји ќе им го овозможат убавиот живот кој не го добија во Македонија.

Возачите на меѓународните автобуски линии велат дека се повеќе се бараат картите во еден правец.

Граѓаните кои се сретнавме пред заминување велат дека не се двоумеле за одлуката. Некои сепак, не негираат дека носталгијата е присутна, а најмногу жалат што ќе се разделат од најблиските.

Славица Савеска Кењереш од Македонија заминала пред десетина години. Живее во Осло, Норвешка. Вели на таков чекор се решила поради желбата за подобар живот за неа и нејзините деца. Од Македонија најмногу и недостасува сонцето, но високиот стандард на живот и овозможува посета на топлите краеви. Изјавата ја снимивме за време на нејзиниот одмор во Маврициус. 

Дека состојбата со иселувањето е алармантна доказ се и бројките од Заводот за статистика. Директорот Апостол Симевски објаснува дека за сметка на тоа што се помалку деца се раѓаат во Македонија, низ дијаспората има се повеќе новородени македонци. Тоа пак, придонесува и за континуиран пак на бројот на ученици запишани во училиштата низ државата.

Загриженост за ваквата состојба покажа и новиот претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов.