Бектеши за тв 24: Се подготвува дополнителен шестти пакет мерки
Foto

Бектеши за тв 24: Се подготвува дополнителен шестти пакет мерки

Владата крои нов допонителен пакет мерки за најпогодените сектори од ковид кризата. Веќе следната недела ќе биде презентиран шестиот пакет мерки-ова министерот за економија го најави во Анализата на ТВ 24.

Уверува дека помошта ќе стигна за дејностите кои претрпеле најголеми штети, вклучително и угостителско-туристичкиот сектор. 

За туристичко угостителската комора  новите финсиски мерки не се прифатливи. Во понеделни излегуваат на протест, а во меѓувреме испорачаа свои барања – еднократна парична помош и грејс период за кредитите  

Повеќе од една година угостителскиот сектор работи под бројни рестриктивни мерки.  

По последната одлука на Владата од 7 до 20 април  рестораните и кафулињата се целосно затворени. Исклучок од оваа мерка се само  рестораните во рамки на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, но и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.  

0 Коментари

Остави коментари