Бектеши за ТВ 24: Ахмети е овластен да ги води разговорите за реконструкција на министрите
Крешник Бектеши од ДУИ во емисијата 24 анализа во врска со реконструкцијата на министрите рече е разговарано во партијата, но тоа е одлука на Ахмети и направена е анализа на разултатите од изборите.
- Со оглед на резултатот на ДУИ како единствена политичка партија со доверба од граѓаните, сега сме мотивирани да продолжиме по патот на исполнувањето на сите реформи во делот на интеграцијата и делот на реализација на крупните капитални инвестиции, како што е гасификацијата, коридорот 8. Ахмети е овластен да го води преговорите со премиерот и со другите претседатели на партиите. - рече Бектеши.