Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот, нема да биде над 33 денари

Од ДПИ посочија дека прават анализи за кои граѓаните ќе треба да почекаат пред да се објават во јавност. Премиерот Ковачевски рече дека компаниите кои не ги намалија цените нема да добијат повеќе субвенционирана струја.

80 евра за мегават час со цел поевтини основни производи. Џентлементски договор склучен но џентлмените со меѓусебни обвинувања, кој кого излажал?

Владата тврди дека дел од компаниите се воени профитери, бизнисот бара факти. Бектеши тврди дека за тие кои профитирале нема да има субвенции, за од вторник најави замрзување на цената на лебот и нема да биде над 33 денари. Не знаеше да каже до кога ќе важи замрзнатата цена.

Владата направи целосно погрешен чекор со субвенциите за економските оператори без да направи сеопфатна стратегија, вели економскиот аналитичар, Абил Бауш. Според него, економските оператори во моментов имаат зголемени трошоци на останатите енергенси, за разлика од претходно кога најголем проблем беше цената на струјата.

Граѓаните сметаат дека власта го излажа повторно сопствениот народ, цените не само што не поевтинија туку се зголемија.