Бектеши: Трговците во туристичките места ќе работат во недела и празници со двојна дневница за работниците

Дуќаните во туристичките центри ќе можат да работат и во недела во текот на целата година но газдите на вработените ќе треба да им исплатат 100%повисока дневница ова од Охрид денеска го најави министерот за економија Бектеши.

Законските измени се веќе во собраниска процедура и во зависност од работата на Собранието министерот очекува најмногу за две недели овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.

Од чаршискиот еснаф ја поздравија ваквата измена и очекуваат оваа сезона да ги надминат штетите кои досега ги претрпеа од мерката недела неработен ден.

Повисока дневница ќе добијат вработените и во шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови зголемени за 100 проценти, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 20 проценти, потенцираше Бектеши.