Бектеши на конференцијата #ECONLIT2023: правиме напори и стратегии за мерки кои ќе влијаат на подобрување на економската едукација во РСМ
“Министерството за економија и Владата, почнувајќи од блиската соработка со универзитетите, прават напори и стратегии за различни мерки кои ќе влијаат на подобрување на економската едукација во Република Северна Македонија, особено во услови на криза, имајќи во предвид дека не само РСМ туку и други земји од регионот и светот се соочуваат со покачувањето на цените и енергетската криза и многу е важно почнувајќи од домаќинствата, нашите семејства, но и на највисоките нивоа да имаме што повеќе информации во справувањето со економската криза, со единствена цел да се одржи стандардот на граѓаните, но и да се влијае врз економскиот развој на државата“ – кажа Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната конференција #ECONLIT2023 за економската едукација, организирана од Институтот Либерална Алтернатива во соработка со Economic Fundamentals Initiative од САД.