Бектеши: Мерката за замрзнување на цените ќе важи до крајот на февруари, од 1 март ќе се ограничат маржите на увозни производи

Наместо замрзнати цени на дел од основните прехрамбени производи од 1 март ќе има ограничување на увозни маржи за производи на големо и мало - најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Со оваа нова мерка  според ресорниот министер и во иднина ќе се спречат големи ценовни шокови за граѓаните. 

Анализите се при крај – конечна одлука се очекува деновиве - досегашната мерка за замрзнување на цените ќе важи до крајот на февруари. 

„Во делот на производите што ги произведуваме дома ќе може да се интервенира со замрзнување на цените, но забележавме дека генерално има поголемо зголемување на цените на тие производи кои се увезуваат во нашата држава и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на ограничување на трговската маржа.“ - изјави Крешник Бектеши – министер за економија.

Сепак неминовно е дека по одмрзнување на цените ќе имаме и поскапување на производите - на тоа пред извесен период во Анализа на ТВ24 предупредија и дел од бизнисмените. 

„На 1 декември ние сме имале цена од 140 денари. 150 денари, во моментот кога ќе се ослободи треба таа разлика во сите сувомеснати пилешки проиводи да ја пренесеме.“ - вели Гоце Трајчев - месната индустрија.

„Никој не го посакува тоа сценарио да кога ќе заврши мерката се качат цените за да се покријат загубите на фирмите. Затоа треба се да биде избалансирано и од страна на Владатаи од страна на компаниите.“ - вели -Горан Малишиќ - мелничко пекарската индустрија. 

По најновите податоци на Државниот завод за статистика дека годишната инфлација достигна оргомна стапка од 6,7 проценти. Народната банка смирува. Ситуацијата се следи, велат инфлацијата е над проектираното стабилизација ќе има во второто полугодие. 

„Забрзувањето на годишната инфлација е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат променлива динамика. Внимателно се следат сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага.“ - велат од НБРМ.

Одлуката на Влада за замрзнување на цените на основните производи доаѓа по поскапувањето кое со месеци се забележеуваше, но и по прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор, на 9 ноември.