Бектеши: Да направиме договор меѓу сите политички партии - тој што ќе изгуби на изборите веќе да не се занимава со политика

Министерот Бектеши предлага сите јавно да потпишат договор дека губитниците на претстојните избори ќе ја напуштат политичката сцена како одговор на новинарско прашање дали лидерот на ДУИ, Ахмети, би се повлекол од партиската функција доколку ДУИ биде поразена на следните избори.

Повикувајќи се на резултатите од предизборните анкети, Бектеши е уверен дека неговата партија ќе биде победник во албанскиот блок на парламентарните избори.

Од албанската здружена опозиција „Вреди“ го прифаќаат предлогот од ДУИ. Ги повикаа Ахмети, Груби и Османи да изберат време и нотар и јавно да потпишат дека ќе заминат од политиката ако ги загубат изборите. За Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ ваквата понуда од Бектеши е свилен гајтан на Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со метафора одговори на предлогот на Бектеши, алудијажи на тоа дека таквиот предлог е неприфатлив.

Се поизвесно е дека паѓа во вода идејата за предизборен настап на СДСМ со ДУИ, тоа денеска го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши, додека пак, Ковачевски не одговори конкретно дали стратегијата за таканаречен Европски блок и дефинитивно отпаѓа.