Бектеши: Цените што биле на 15 март ќе останат исти

Според Бектеши мерката е искреирана со компаниите што произведуваат јајца и рече дека „цените што биле на 15 март ќе останат исти“.

- Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, во зависност од компаниите во делот на трошоците што ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат и нашите соседи, каде што цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре. - рече Бектеши. 

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата од кокошка. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека сега трговците мора првин да набават јајца за потрошувачите во земјата, а потоа за извоз, рече Бектеши.