Бектеши: Цените на намалените производи ќе бидат обележани – трговците до среда да предложат кои производи ќе ги поевтинат за 10%

Сите анализи се направени за поевтинување на производите, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Вели дека идејата е производите кои ќе бидат опфатени со мерката да бидат обележани, за граѓаните полесно да ги препознаат.

На утрешната владина седница ќе биде објавено за кои 50 производи станува збор, а референтната цена според која ќе се формираат новите пониски за 10% цени, ќе бидат оние од 1-ви август.