Беира со целосно оштетен вид истрча 21 километар

Беира Салифоска, позната како Беки, уште еднаш покажа дека со упорност, поддршка и силна волја можат да се поместуваат личните граници. Заедно со својот асистент, таа успешно ги истрча сите 21 километар на Wizz Air Скопскиот маратон.

Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а нејзиниот настап на полумаратонската дистанца претставува голем личен подвиг. Пред неколку години таа веќе беше дел од Скопскиот маратон, кога успешно ја заврши трката на 5 километри. Овојпат предизвикот беше повеќе од четирипати подолг.

„21 километар храброст, сила и инспирација! Денес нашата колешка Беира, заедно со својот асистент, успешно истрча 21 км на Wizz Air маратонот“, објавија од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.

 

Оттаму посочуваат дека Беира уште еднаш покажала колку значат упорноста, поддршката и силната волја.