БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ЗА НЕВРОПСИХИЈАТРИТЕ Е ОТСТУСТВО НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Foto

БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ ЗА НЕВРОПСИХИЈАТРИТЕ Е ОТСТУСТВО НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

Серијата на јавни извинувања и покајувања за нивните постапки или дискусии на политичарите Даниела Рангелова, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски кои кај граѓаните предизвика дилема колку се искрени или одглумени, за невропсихијатарот Чепреганов е моралален чин. Тој смета дека кога една личност се извинува значи дека кај нејзе проработела совеста и ја согледала вистината.

„Моите морално-социјални норми се возбудуваат и си велам значи јас сум седел и сум зборел со човек кој бил таков и таков. Во мене нешто реално, објективно, нормално се побунува и јас сега ја согледувам вистината“ - вели професорот Чепреганов.

Политичарите во државата 99 проценти се суетни, дел од нив имаат хипертофирано его кое значи параноја, а паранојата е комбинација на суета и инает кои раѓаат омраза, завист, љубомора. Таквите личности живеат во заблуда дека сите други не чинат и дека тие се најдобрите, а тоа е голема фалинка во психичкиот профил на една личност, вели невропсихијатарот Методиј Чепреганов.

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски за невропсихијатарот е последица на отсуство на емоционалната интелегенција.

„Страстите за моќ, за слава, за пари во мене во мене царуваат и немам доволно емационлана интелигенција, а тоа значи совест и знаење тоа се многу виши психички функции и главниот елемент кој се случува во нашата земја е агресија, ароганција, бегство и тн.“ - изјави Чепреганов.

Немањето совест и знаење создава агресија која премногу ја има во земјава, вели Чепрегенов. Една личност која не знае да размислува, не знае да донесе одлуки, не знае да разговара е хистероиден, прави протести, влегува во Собрание и тепа.

„Апараноја значи суета и инает и таа раѓа злоба, завист, љубомора односно сите не чинат само јас сум најдобриот. Тоа е голема фалинка во психичкиот профил на една личност. Хиптрофираното его е катастрофа. Ако имате таков пријател, бегајте од него“ - потенцираше Чепреганов.

Секоја држава има свој изграден национален психички профил, образованието во Македонија е голем проблем, необразованата и примитивна средина има многу лоши живтони карактерни навики, вели Чепреганов.

Историјата е меморија од која треба да црпиме поуки но ние како земја за жал ги извлекуваме само лошите, професорот кој се повикува на Конфучие вели дека иднината е илузија и секој политичар кој често во својот говор го користи зборот „ќе“ значи дека лаже и манипулира.

0 Коментари

Остави коментари