БЕГ-Производство: Немаме обврска да продолжиме со дејноста во новата грејна сезона

Балкан енерџи груп БЕГ-производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија- информираат од компанијата БЕГ во соопштение по информациите дека треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата...

Од компанијата наведуваат дека согласно Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен... 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи претходно изјави дека сѐ додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија....