БЕГ најави дека ќе го исклучи парното, бара помош од владата, се чека одлука

54.000 домаќинства, 95 образовни установи и 1.027 други објекти во  сКОПЈЕ  од утре може да останат без парно греење. Компанијата БЕГ, која снабдува голем дел од домаќинствата во Скопје,  вчера соопшти дека има средства за набавка за гас само за до крајот на денешниот ден и побара од Владата да го преземе управувањето со компанијата се до завршувањето на кризната состојба во оваа грејна сезона. бараат помош од 9 милиони евра за набавка на природен гас само за месец јануари.

- Цената на гасот за месец Јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. - велат од БЕГ.

Владата вчера донесе одлука ТЕ ТО да работи во полн капацитет, односно 7 дена, од 5 часот наутро до 1 по полноќ со цел да испорача дополнителна електрична енергија, која треба да ја откупува ЕСМ. Од Те То не СЕ задоволни од овие владини предлози, бараат цената да биде речиси двојно повисока или 270 евра по мегават час без ДДВ.

- Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 EUR/MWh без вклучен ДДВ. - велат од ТЕ-ТО АД.

Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 EUR/MWh без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетиКа Марко Бислимовски  вчера за медиумите изјави дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата.

Основното јавно обвинителство, по пријава стара речиси три години, води предистражната постапка за начинот на коj БЕГ, ЗА ТОА КАКО ја добиле лиценцата за вршење на енергетска дејсност - снабдување со топлинска енергија.