Бауш во Отворено: Бојкотот на маркетите дава само краткорочни ефекти, потребни се реформи

Економскиот аналитичар Абил Бауш во Отворено рече дека бојкотот на маркетите дава само краткорочни ефекти. Според него најважо е да се почитува законот за нефер трговски практики како и да се воведат долгорочни мерки и реформи во даночниот систем.

„Проблемот е во краткорочните цели. Среднорочни цели е субвенциите да се насочат кон создавање на производствени капацитети независни од дистрибутерите кои ја диктираат цената на производите. Ако една компанија е зависна само од домашен пазар автомаски зависи од дистрибутерите. Долгорочно е потребно да се направи плеада на реформи на даночен систем и да почне да се реагира стратешки. Ако има нефер трговски практики, државата да даде казни“, рече Бауш и додаде дека дополнителен проблем е тоа што секоја нова Влада во Македонија ги повторува истите стари мерки кои покажале краток ефект.

Тој објасни и дека со потрошувачката кошница од 62 000 денари граѓаните живеат на раб на сиромаштија.

„13 000 луѓе живеат на раб на сиромаштија со 150 денари на ден. Имаме 20% од граѓаните што живеат со минимална плата и ние влегуваме во ситуација која од држава што треба да им даде фер услови на граѓаните ние имаме капитализам кој го нема ни во развиените држави. Ако имате потрошувачка кошница од 62 000 денари месечно и имате 24 000 минимална плата, семејство во ое што работат двајца со минимална плата не можат да живеат нормљално, живеат на раб на сиромаштија“, изјави Бауш.