Баша до Рама: Ќе молиш да ја имаш судбината на Груевски

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша му порача на албанскиот премиер што е можно побрзо да си замине од власта и во никој случај да не помисли да употреби сила против демонстрантите кои за денеска најавија нов голем протест пред седиштето на законодавниот дом во Тирана. Во пораката која ја испрати само неколку минути по полноќ, Баша вели дека целата опозиција настојуваат да ја вратат политичката стабилност во земјата, демократијата и надежта кај секој жител на Албанија.

„Сакам јасно да му порачам на лидерот на кликата на власт: „Не ја преминувај границата. Не се прави силен со оклопни возила и солзавец. Заборави дека можеш да дојдеш и да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски.“ - порача Љуљзим Баша – претседател на Демократската партија.

Еди Рама пак го осуди однесувањето на демонстрантите кои учествуваа во насилните судири во главниот град. Албанскиот премиер е категоричен дека локалните избори на 30 јуни ќе бидат спроведени а секој кој ќе се се обиде да го попречи гласањето ќе биде жестокот казнет. 

„Нема ни теоретска а ни практична можност да се урне една легитимна влада, прозлезена од избори спроведени кога ти си бил дел од влада. Нема можност, тоа нема да се случи. Целта е нешто друго. Тоа е да се стави земјата во услови на немоќ и да се уништи основата на уставниот поредок.“ - изјавио Рама.

Рама уште еднаш го повика на разговор лидерот на опозицијата а упати и обвинувања до претседателоѕт на државата Илир Мета дека никогаш не го повикал да разговараат за изнаоѓање решение за кризата.

Пред почетокот на протестот на албанската опозиција, Социјалистичкото движење за интеграција упати порака дека Владата на премиерот на Албанија, Еди Рама треба да падне денеска, за да утре не биде доцна. Претставниците на неколку меѓународните мисии, како и амбасади во Тирана, побараа од учесниците во протестот да не се повторат немилите сцени од викендот, да се воздржат од насилство и на мирен и достоинствен начин го остварат нивното демократско право на протест.