Барселона и Реал Мадрид одиграа возбудливо премиерно „Ел Класико“
Екипите на Барселона и Реал Мадрид одиграа возбудливо премиерно „Ел Класико“ оваа сезона кое заврши со победа на гостите (1-2) во рамки на 11. коло во шпанската Примера. И двата ривали постигнаа голови, нешто што беше случај и на претходните лигашки средби, а победникот се реши во самиот финиш.
Барселона ја заврши серијата без пораз во домашното првенство, а Реал Мадрид изби на врвот на табелата во Примера. Човек на натпреварот е Џуд Белингем кој сам го победи големиот ривал.
Реал потоа продолжи со притисокот, а до трите бода дојде дури во 92. минута, со вториот гол на англискиот репрезентативец кој оваа сезона погоди на три големи натпревари - деби во Примера, деби во ЛШ и деби на Ел Класико.
Реал Мадрид во следното коло ќе им биде домаќин на Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано, додека Барселона се соочува со тешко гостување кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан.