Барди: Поголема мотивација од тоа да играш за Македонија нема!
Foto

Барди: Поголема мотивација од тоа да играш за Македонија нема!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди вели дека иако сме без шанси за директен пласман на ЕВРО 2020 преку квалификациската група, за Македонија дуелите со Австрија и Израел се многу важни, пред се како подготовка за бараж во Лигата на нации, во март идната година.

Македонија сега е трета на табелата без шанса за прогрес, а клучните мечеви за нас во март, кога бркаме историски пласман на континенталниот собир во Европа.

„Поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме добри работи и ова ни помага да одиме напред, а пред нас се овие два меча кои ни значат многу. Овие два меча се многу важни, зашто имаме уште една шанса да одиме на Евро 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“ - рече Барди.

0 Коментари

Остави коментари