Банкарите бараат одложување на оданочување на каматите од депозитите
Foto

Банкарите бараат одложување на оданочување на каматите од депозитите

 

Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во еу. Македонската банкарска асоцијација одржала седница на собрането на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. Во однос на воведувањето прогресивно одданочување, ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена. Македонската банкарска асоцијација најавува дека ќе побара средба во министерството за финансии за подетално да ги презентира своите ставови. Според предложеното законско решение од министерството за финансии, каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но на износот над 15.000 денари.

 

0 Коментари

Остави коментари