Балоски за тв 24: Вирусот е чудовиште
Пулмологот Марјан Балоски истакна дека само со разумно однесување ќе се подобри состојбата. Со неодговорното однесување, ќе само ќе се влошува состојбата.
Во моментот на клиниката 8 септември, Балоски рече дека има 41 пациент, од кои 15 се со потешка клиничка слика 9 на респиратор, а 6 со кислородна поддршка. Отпорот на граѓаните кон вирусот и неменување на желбата и навиките за излегување или празнување, и тоа доведе до овој стадиум.
„Треба конечно да се разбере дека се што се презема треба да се почитува и самите да изградиме разумно однесување. Вирусот е чудовиште. Тој насекаде прави различна симптоматска слика“ - вели доктор Балоски.