Балканот се бори со огнени стихии

Големите шумски пожари продолжуваат да пустошат делови од Балканот. Најтешка е состојбата во Хрватска каде во изминативе денови изгореа делови од јадранскотро крајбрежје.

Противпожарните екипи се борат да ги изгаснат пожарите во близина на Задар. Во текот на ноќта, пожари избувнале и во други делови од земјата.

Вишеслав Пешиќ – командир на противпожарна бригада

„Илјадници хектари да изгорат за неколку часови, тоа ја покажува огромната сила на пожарот. Создадени се идеални услови за негово ширење поради ветерот и конфигурацијата на теренот. Не можевме да влегуваме во огнот бидејќи ќе имаше и повредени пожарникари, па целото гаснење беше насочено кон спасување на човечки животи.“

Огнената стихија во близина на Омиш е под контрола, но пожарот ја зеде првата жртва..Според хрватските медиуми, загина 34-годишна државјанка на БиХ, која исчезнала на 13 август додека бегала од пожарот.. Седуммина се во критична состојба и се приклучени на механичка вентилација ... Најтешкоповредените се префрлени во Клиничкиот центар во Загреб..

Тихана Магдиќ Турковиќ - раководителката на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Клиниката за трауматологија 

„Се работи за две машки и едно женско лице на возраст од 18 до 46 години. Сите се со тешки изгореници што зафаќаат од 40 до 50 проценти, па се до 70 проценти од кожата. Во овој момент се бориме за нивните животи, односно ги стабилизираме нивните витални функции. “

Пожари има и во црна гора....Противпожарните екипи веќе неколку дена се обидуваат да ги стават под контрола огнената стихија над Бијела и Улцињ ..Се уште активни но под контрола се и пожарите на подрачјето на Херцег Нови и Никшиќ...

Драгољуб Сенчиќ – жител на Црна Гора

„Пожарникарите се уште се тука, дежураат, иако пожарот е речиси изгаснат. Го обезбедуваат целиот регион. Јас бев најзагрозен. Пожарот стигна до куќите но пожарникарите успеаа да го изгасат.“

Шумски пожари пријавени и во албанија..Од министерството за одбрана велат дека во изминатите 24 часа регистрирани се дури 35 пожари, од кои 8 и натаму се активни... Преку 500 пожарникари се обидуваат да ги изгаснат а помош имаат и од 200 војници, неколку хеликоптери и авиони. 

Неки Фета

„Пожарот зафати голема шумска површина. Теренот е тежок, а пламените јазици се шират, потпомогнати и од силниот ветер. Сепак, интервенцијата овозможи пожарот да биде ставен под контрола во делот во близина на домовите, а во моментов не е пријавена опасност за населените места.“ 

Во Грција, иако пожарите се под контрола, останува висок степен на на готовност. Состојбата на терен постојано се следи со дронови а се разгледуваат и и превентивни мерки, меѓу кои ограничување на пристапот до шуми, национални паркови и други подрачја каде има ризик од пожари.