Бактеријата стафилокока е понајдена во храната што ја јаделе децата од ОУ Ѓорѓија Пулевски

Токсини од бактеријата стафилокока е причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. Ова го потврдија резултатите од земените примероци од храната која им била послужена на учениците од прво до трето одделение и кои пред четири дена се пожалија на силни стомачни болки. 

Од Институтот за јавно здравје прецизираат дека траги од опасната бактерија биле најдени во мусаката која што ја имале децата за ручек и колачот кој ќе бил за десерт, и кои во училиштето ги доставувала надворешна фирма. Оброците во училиштето ги доставува надворешна фирма. 

Откако родителите ги известиле директорот и наставниците,  итно беше затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служи топол оброк.