Бајрами за МИА: НБ е професионална институција, зад сите одлуки стои цел тим
Foto

Бајрами за МИА: НБ е професионална институција, зад сите одлуки стои цел тим

Вредноста на домашната валута ќе остане и понатаму стабилна и за тоа не треба да има никакви дилеми, вели вицегувернерот Фадил Бајрами.

- Сегашното, високо ниво на девизни резерви, како и плановите и проекциите за нивното движење во натамошниот период, се цврста гаранција за стабилноста на денарот. Кога станува збор за вредноста на домашната валута, не треба да има никакви дилеми дека таа и понатаму ќе остане стабилна, вели Бајрами за МИА.

Во однос на тоа што очекуваат оваа година и дали има простор за поддршка на економијата во справување со предизвиците од пандемијата, Бајрами посочува дека постојано се следат состојбите и дека доколку е потребно ќе се изврши соодветно приспособување на монетарната поставеност.

0 Коментари

Остави коментари