Бајден загрижен за мајмунските сипаници

Мајмунските сипаници го вклучија алармот во Европа. првиот можен случај на мајмунска сипаница, е регистриран во гција, во тек се лабораториски анализи, чиј резултат треба да го потврди тоа, објавија медиумите во регионот.

Станува збор за англиски турист кој бил сместен во болницата Атикон. Резултатите од анализата ќе бидат познати во понеделник, соопштила грчката здравствена служба. Белгија пак стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин за заразените со мајмунски сипаници.

Според соопштението на белгиските здравствени власти, заразените со вирусот на мајмунска сипаница ќе мора да одат во самоизолација три недели. Сите инфекции, од кои првата била забележана во петокот, биле поврзани со одржан фестивал во пристанишниот град Ант-вер-пен. Нови случаи со мајмунски сипанци секојдневно бележи и обединетото кралство, минатата недела се регистрирани 20 пациенти, Велика Британија веќе почна да купува вакцини против големите сипаници. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „сите треба да бидат загрижени“ за глобалната појава на мајмунски сипаници во услови кога повеќе земји пријавија случаи на вирусот.

„Напорно работиме на тоа да сфатиме што да правиме.“ - Џо Бајден претседател на САД.

Во меѓувреме и Израел ги пријави првите сомнителни случаи на болеста. А Светската здравствена организација идентификуваше околу 80 случаи на мајмунски сипаници на глобално ниво и уште 50 сомнителни случаи. Болеста, претходно беше забележана само во централна и западна Африка.

Но, во последните денови, случаи се пријавени и во Шпанија, Португалија, Италија, САД, Шведска, Канада, Австралија..Вирусот потекнува од примати и други диви животни. Предизвикува треска, болки во телото. Тешките случаи може да предизвикаат осип и лезии на лицето и другите делови од телото. Стапката на смртност од оваа болест е од 1 до 10 проценти, а најмногу смртни случаи се пријавени кај млади пациенти.