Бајден прогласи вонредна состојба на Флорида
Foto

Бајден прогласи вонредна состојба на Флорида

Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба во државата Флорида денеска по уривањето на зграда во Сурфајд во северниот дел од Мајами, при што загина едно лице, а 99 се водат како исчезнати.

Бајден исто така нареди испраќање на федерална помош за да се отстранат последиците од несреќата.

„Претседателот го овласти Одделот за национална безбедност, Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), да ги координира сите напори за помош“, се вели во соопштението на Белата куќа.

0 Коментари

Остави коментари