Бајден ќе одржи церемонија во спомен на жртвите на пандемијата во САД
Foto

Бајден ќе одржи церемонија во спомен на жртвите на пандемијата во САД

Американскиот претседател Џо Бајден, заедно со потпретседателката Камала Харис, вечерва ќе одржат церемонија на која со едноминутно молчење ќе им оддадат почит на околу 500.000 жртви на коронавирусот во САД, соопшти Белата куќа.

Бајден и Харис ќе запалат свеќи во спомен на граѓаните кои починаа од Ковид-19, а шефот на државата ќе одржи говор.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, кој пресметува врз основа на информации од меѓународни организации, федерални и локални власти, од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани повеќе од 28 милиони случаи на инфекција со Ковид-19, а над 498.800 милиони луѓе ги загубија своите животи.

0 Коментари

Остави коментари