Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина

Иран и Оман постигнаа договор за географските координати на бродската рута низ Ормуска Теснина, а заедничката изјава е во фаза на финализирање, под услов да нема мешање од трети страни, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.

Тој додаде дека секој таков договор меѓу Иран и Оман сам по себе не би ја гарантирал безбедноста во стратешкиот воден пат.

Според договор Техеран би имал контрола врз бродовите што влегуваат во Персиски Залив преку Ормуска Теснина, што претставува една од „најголемите отстапки направени досега на Иран“, изјавија двајца неименувани извори.

Багаи разговорите меѓу Техеран и Мускат ги оцени како „професионални“ и „прогресивни“, истакнувајќи оти „двете страни постигнале меѓусебно разбирање за географските параметри на рутата што се дискутира“.

Тој додаде дека доколку трети страни не го попречат процесот, заедничката изјава на двете страни, што ги содржи главните размислувања и клучните точки на разбирање е во завршна фаза на преглед и изготвување.