Баерн заинтересиран за Фермин Лопез

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е цел на германскиот шампион Баерн, објави „GiveMeSport“. Сепак, 22-годишниот Шпанец сака да остане кај Каталонците.

Лопез одигра 46 натпревари во сезоната 2024/25, но ретко беше вклучен во почетниот состав на тимот во Лигата на шампионите и Ла Лига. 

Фудбалерот сезоната ја заврши со осум гола и десет асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот е до 2029 година. 

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.