Баерн ја демолира Ц. Звезда, Реал за две минути прокоцка победа
Foto

Баерн ја демолира Ц. Звезда, Реал за две минути прокоцка победа

Комплетирањето на 5. коло во групите А-Д во фудбалската лига на шампионите уште три нови екипи станаа сигурни осминафиналисти, а сите четири лидери во групите го осигураа првото место. ПСЖ ќе ја заврши групата А како водечки, откако на чудесен начин, за само две минути избегна пораз во Мадрид, иако губеше со 0-2 од Реал. Во 81. минута Мбапе, во 83. Сарабија го изедначија резултатот и го урнаа она што го креира Бензема со два погодока. На другиот меч од оваа група, Галатасарај и Клуб Бриж одиграа 1-1, од терминот во 18.55 часот, што всушност значеше дека Реал стана осминафиналист уште пред дербито на „Сантјаго Бернабеу“ да почне.

Во групата Б, Баерн Минхен демонстрира фудбалска перфекција на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, совладувајќи ја Црвена звезда со 6-0, за 15 бода и сигурно прво место. Тотенхем повторно се мачеше со Олимпијакос, но сега успеа да победи со 3-2, иако губеше со 0-2 по само 20 минути игра. Али, Орие и Кејн го креираа пресвртот за прва победа на Жозе Мурињо со Тотенхем во Лигата на шампионите, што претставува веќе шести различни тим со кој запишува победа во елитната лига. 

Во групата Ц, Манчестер сити и со реми го загарантира првото место, но многу поважно е како тие 1-1 од „Етихад“ против Шахтар ќе влијаат на разврската за второ место. Украинците дојдоа до шест бода, еден повеќе од третопласираниот Динамо и два повеќе од Аталанта, со која играат на домашен терен во последното, шесто коло.

И во групата Д, Јувентус ја потврди доминацијата славејќи со 1-0 против Атлетико со што дојде до 13 бода, дури шест повеќе од Шпанците. Она што треба да ги загрижува Диего Симеоне и фудбалерите е стабилноста на нивното второ место, бидејќи Баер Леверкузен им се доближи на само еден бод, откако славеше со 2-0 во Москва, против Локомотив. Сепак, Баер во последното коло дома игра со Јувентус, а Атлетико е домаќин на Русите.

ГРУПА А

Реал М. – ПСЖ 2-2

Галатасарај – Клуб Бриж 1-1

ТАБЕЛА : ПСЖ 13, Реал М. 8, Клуб Бриж 3, Галатасарај 2

ГРУПА Б

Ц Звезда – Баерн М. 0-6

Тотенхем – Олимпијакос 3-2

ТАБЕЛА: Баерн М. 15, Тотенхем 10, Ц. Звезда 3, Олимпијакос 1

ГРУПА Ц

Манчестер С. – Шахтар 1-1

Аталанта – Динамо З. 2-0

ТАБЕЛА: Манчестер С. 11, Шахтар 6, Динамо З. 5, Аталанта 4

ГРУПА Д

Јувентус – Атлетико М. 1-0

Локомотив М. – Баер Леверкузен 0-2

ТАБЕЛА: Јувентус 13, Атлетико М. 7, Баер Л. 6, Локомотив М. 3

0 Коментари

Остави коментари