Баерн го победи Вердер за плус четири во однос на Борусија Дортмунд
Foto

Баерн го победи Вердер за плус четири во однос на Борусија Дортмунд

Тешка победа со само 1:0 забележа Баерн Минхен против Вердер Бремен попладнево во натпревар од 30-тото коло на германската Бундеслига.

Единствениот гол го постигна Никлас Суле во 75.минута. Гостите од Бремен повеќе од половина час играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Милош Вељковиќ.

По оваа победа Баерн има четири бодови предност на врвот на табелата во однос на второпласираната Борусија Дортмунд која допрва треба да го игра својот меч од 30.коло.

На другите досега завршени саботни средби во Бундеслигата постигнати се следниве резултати:

Аугзбург – Штутгарт 6:0
Баер Леверкузен – Нирнберг 2:0 и
Мајнц – Фортуна Дизелдорф 3:1. 

0 Коментари

Остави коментари