Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
Берн Минхен синоќа го совлада Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите и ја продолжи серијата без пораз во европските купови.
Тимот од Минхен е непоразен на 33 последователни натпревари на домашен терен: 31 победа и 2 нерешени, што е најдолга низа во историјата на турнирот.
Баерн го израмни рекордот на Барселона во 33 последователни натпревари на домашен терен поставен во 2009 и 2020 година.
Со девет освоени бодови Баерн се искачи на 11. место во поредокот. ПСЖ падна на 26. место (4 бода).