Баерн го декласираше Шалке со 8:0 на отворањето на новата сезона во Бундеслигата
Foto

Баерн го декласираше Шалке со 8:0 на отворањето на новата сезона во Бундеслигата

Актуелниот европски и германски фудбалски шампион, Баерн Минхен, силно тргна кон одбрана на трофејот во Бундеслигата.

Баварците синоќа на отворањето на новата сезона во Германското фудбалско првенство, забележаа убедлива победа над Шалке 8:0.

Головите ги постигнаа: Серж Гнабри – три, Роберт Левандовски, Леон Горетцка, Томас Милер, Лерој Сане и Џамал Мусиала.

Другите натпревари од 1. коло се играат денес и утре.

0 Коментари

Остави коментари