Бабачиќ за тв 24: Ако бројките по празниците растат, ќе биде многу тешко за здравствените работници
Foto

Бабачиќ за тв 24: Ако бројките по празниците растат, ќе биде многу тешко за здравствените работници

Доктор Харис Бабачиќ, лекар-истражувач на Каролинска институтот во Шведска во емисијата 24 анализа истакна дека има намалување на репродукцивниот број, на сметка на активниот случаи. сега имаме некако пик кој е стабилен и кој може да остане ист, доколку се почитуваат мерките.

„Бројот на смртни случаи ќе биде во рамките на овој број. Никој не може да предвиди колква ќе биде бројот, дали ќе биде драстично зголемен.“ - вели доктор Бабачиќ

Доктор Бабачиќ смета дека ризикот кој ни претстои е со собирањата и претстојните празници. Смета дека и казината треба да се затворат, како и сите објекти кои не се потребни за економијата треба да се затворат.

„Нема да имаме победници во оваа пандемија. Мерките може да  бидат порестриктивни, но она што се воведе сега е во ред. Загрижувачки е закупот на викендиците, зошто здравствениот систем ни е загрижувачки и ако бројките по ова пораснат, системот е преоптеретен и ќе биде многу тешко за здравствените работници.“ - смета доктор Бабачиќ.

0 Коментари

Остави коментари