Азири за ТВ 24: Мотивите на кандидатите за кандидирање за претседател се за да им помогнат на нивните партии за парламентарните избори

Елми Азири потпретседател на Алијанса на Албанците во емисијата 24 анализа рече дека го поддржале градоначалникот Димитриевски на локалните избори во вториот круг, зошто во првиот имале нивен кандидат.

- Што се однесува до претседателските кандидати, тоа е уставно право, ако некој ги исполнува законските услови. Сите кандидати се свесни дека не мора да одат на победа на изборите. Мотивите за нивно кандидирање се различни, а поголемиот мотив е да помогнат на нивните партии за парламентарните избори. Во оваа насока, ги гледам сите овие кандидатури. Сакам оваа кампања да биде ветувачка за државата, да не правиме непотребна хистерија, да не се злоупотребува тоа на патот кон ЕУ од страна на политичарите и да ги манипулираат граѓаните. Алијансата од времето го има кажано својот став и ние гласавме за францускиот предлог и тогаш се боревме за елиминирање на омаловажувачката дефиниција за албанскиот јазик кој се дефинираше како 20%.  - рече Азири.