Азески за ТВ 24: Бизнисот на маса - во Владата и во Парламентот

Бизнисмените бараат конкретно учество во креирање на економските политики. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вели дека ќе бараат учество при креирање на законите кои ја таргетираат економија. Ќе предложат ЕНЕР - специјализираниот сајт за објава на прелдлог-закони да се подели во два дела, едниот за забелешки на физички лица, а другиот за бизнис заедницата. Азески вели дека ќе иницираат формирање и на неформална комисија за претприемачи во рамки на Парламентот а од претседатеката на државата ќе бараат, пред да стави потпис на законите, да најде модус да ги консулитира бизнисмените.

- Се наоѓаме на еден сериозен крстопат и дојден е клучниот момент за пресврт во работите. Она што одамна го зборувам сега се реализира. Покажаа последните избори дека чисто партиски структури влегуваат во извршната власт и на тој начин ние се наоѓаме во партнерски однос кој е јасен и познат и нема мешање на брзините. Нашите барања се јасни и прецизни, тие се должни тоа да го направат и да ја оправдаат довербата на народот. Бараме промена на пет работи. Прво, во конципирање на законите за правната регулатива, во тоа да има претставник на бизнисот, не да гласа, туку да ги каже на време видувањата во законските акти. Второ е ЕНЕР-от како клучна алатка за изразување на нашите ставови и да се подели на два дела, на правни и физички лица. Трето Собранието со формирање на Клуб на претприемачи, да биде наша логистичка поддршка во законодавниот дом. Четврто, да имаме соработка со претседателот на државата и петто е Уставниот суд да биде ослободен од политичко влијание, - вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.