Азески за ТВ 24: „Бехтел и Енка“ е меѓународен концорзиум и јасно е дека штом учествува на тендерот, дека е победник

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во емисијата 24 анализа во врска со Бехтел и Енка рече дека Владата мора да го помогне тој сектор на инвестиции кој учествува со значаен процент во домашниот бруто производ.

- Мора да се елиминираат сите состојби кои значат развој на сивата економија и корупцијата, секој да се повлече на своите позиции, да се стави примат на економијата. Нема да дозволиме да  дојде до продолжување на состојбата. Мора да се даде предност на домашната оператива. Таа е уништена. „Бехтел и Енка“ е меѓународен концорзиум и јасно е дека штом учествува на тендерот, дека е победник. Директна заложба треба да е на Владата да го помогне тој сектор кој учествува со значаен процент во домашниот бруто производ и кој влече зад себе уште 50 занаетчиски гранки кои живеат од тоа. - вели Азески.