Азески: Политичките елити го кочат развојот на бизнисот и економијата

Дали бизнис секторот останува на ставот дека наместо замрзнување на цените на производите подобро е да се активираат стоковите резерви?

Азески со долга опсервација во која вели дека Владата може да постави правила на игра, ама дали во недела ќе работел некој или не, дали ќе се направи механизам со коишто ќе се допрат сензорите на пазарната економија коишто значат создавање на профит е многу дискутабилна работа и затоа современиот свет измислил форми за корекција на сите нив. Според Азески, доминатноста на политиката без цврст фокус кон економијата е резултата на денешницата.

„Јас сега што да правам, ако одам 10 пати во владата и 10 пати зборувам исто и 10 пати во јавноста излегувам и зборувам исто а тие не сакаат да одговорат на тоа туку велат добро, ок, и ништо не прават. Што да правам, да ги тепам? Дајте да постигнеме консензус во којшто ќе потпишеме некој документ со кои ќе сме обврзани во наредните 10 години да престанеме со истории, географии, ама дај да си го направиме начинот на живот поинаков.“- вели претседателот на Стопнаска комора, Бранко Азески.

Работиме со стопанските комори, и секако парафискалните давачки, имаме направено и регистар, дел од нив се елиминирани дел во наредниот период, но според Битиќи веројатно постои разлика во брзината на коишто работите треба да се случат и тоа што е очекување од бизнис секторот и можност во моментот да се интервенира. Според Битиќи, мерките се добри и се во интерес на граѓаните.

Додека бизнис секторот смета дека мерките се популистички, Владата возвраќа дека се во интерес на народот. Граѓаните пак сметаат дека 2 денари на намалени макарони не им го прави животот подобар туку им станува се потежок.