Автопатот Кичево-Охрид поскапува за дополнителни 186 милиони евра
Директорот на јавното претпријатие Државни патишта Коце Трајановски и претставникот на кинеската фирма „Синохидро“ Чен Чен го потпишаа анекс бр.8 од договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид.
Со осмиот анекс на договорот треба да се овозможи дозaвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а краен рок за завршување е 31 мај 2027 година.
Како што велат од државни патишта новиот анекс и дополнителните пари се потребни заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи кои се нужни и неопходни за целосно и квалитетно завршување на проектот. Делницата долга 57 километри почна да се гради пред 12 години. до крајот на минатата година за овој проект се потрошени речиси 558 милиони евра. Досега во сообраќај се пуштени околу 40 километри од автопатот.

