Автопатот Кичево - Охрид целосно готов на почетокот на 2027: Наесен се пушта најтешката делница, a за Ќафасан ќе има нова траса

Работите на најсложениот дел од трасата Кичево–Охрид се во завршна фаза вели министерот за транспорт Александар Николовски.

На потегот Извор–Врбјани, две од четирите галерии се целосно завршени, а на останатите интензивно се работи. Во тунелите веќе се поставува современа опрема за сигнализација, рано предупредување од пожари и вентилација, како и контролен центар.​

Според најавите од Министерството за транспорт, по пуштањето на овој дел во октомври, ќе остане да се премости уште критичната точка кај Ботун, со што целата траса ќе биде комплетирана на почетокот на 2027 година. 

Што се однесува до Коридорот 8 и делницата од Требеништа до граничниот премин Ќафасан, автопат ќе се гради, но по целосно нова, алтернативна рута. Министерот Николоски појасни дека промената се прави со цел да се заштити биодиверзитетот и културно-историското наследство согласно препораките на УНЕСКО, а новата траса веќе се координира со албанските власти.

Паралелно со ова, од септември се очекува и официјален почеток на изградбата на уште една клучна делница – Кичево–Букојчани во должина од 12 километри, за која се очекуваат позитивни вести за финансирање од ЕБОР.  Оваа делница треба да го поврзе превојот Стража со новиот автопатски систем кон Охрид и Струга.