Автомобил паднал во Радика - три лица загинати, едно повредено

 

Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот и паднал во Радика. Според извори во МВР патничко возило „Рено“ со германски национални ознаки излетало од коловозот. На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница.