Автобусите на ЈСП и денеска паркирани пред Владата
Автобусите на ЈСП и денеска се паркирани на булеварот пред владината зграда во центарот на Скопје.Двокатни црвени автобуси и вчера го блокираа сообраќајот пред влада во рамки на протестот што претходно го најави Град Скопје односно градскиот секретар Зоран Глигоров, а којшто протест не го поддржаа синдикалните организации.
Глигоров вчера од пред владата побара Владата односно Министерството за образование и наука да ги исплати долговите кон ЈСП, додека пак, вработените преку синдикалните организации на одделен протест порачаа дека им е доста од политички препукувања и побараа само да си ја земат септемвриската плата што требаше да им биде исплатена до 15 октомври.
Во знак на револт, тие од денеска стапија во штрајк со што за првпат во историјата Скопје остана без градски превоз.
Раководството на ЈСП, пак, рече дека штрајкот е незаконски и најави кривични пријави.
Во меѓувреме, градските власти денеска донесоа одлика за пренамена на пари, по што стигнаа најави дека возачите и останатите вработени ќе добијат плата утре.