Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот Тракија во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ Станимир Станев, заменик главен секретар на бугарското МВР.

Иинцидентот се случил околу 20:10 часот на 216. км во правец на Софија. Според првичните информации 10 деца се тешко повредени. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците.

На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје.

Засега нема информации за загинати, но има, сепак, тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.