Австриско стоп за руските и кинеските вакцини
Foto

Австриско стоп за руските и кинеските вакцини

Европската унија генерално има заедничка надворешна политика особено за големите прашања.

Но очигледно е дека секоја земја ги користи празнините или двосмислено објаснетите формулации во европските акти и реагираат секоја поеднечно, вели поранешниот амабасадор во Израел, Грција и Романија, Љупчо Арсовски по одлуката на Австрија дека луѓето кои биле вакцинирани во странство со руска или кинеска вакцина против коронавирусот нема да бидат третирани како вакцинирани и нема да може да користат речиси никаква услуга во Австрија.

Тој како примери за ваквиот став ги наведува случаите со бегалската криза и првата фаза по прогласувањето на пандемијата. 

Амбасадорот Арсовски смета дека е рано да оценува на кој начин Австрија ќе го регулира влезот и движењето на луѓето вакцинирани со „Спутник в“ и со „Синофарм“ особено за важни настани на кои мора да присуствуваат политичари и дипломати, но убеден е дека државата ќе најде начин како да се преживее оваа одлука. Арсовски вели дека не може да се каже дека со ваквата одлука Австрија врши дискриминација на граѓаните кои се вакцинирале со руската и кинеската вакцина.  

Претходно, Австрија на почетокот на април годинава ги заврши преговорите за купување на вакцината „Спутник в“. Согласно договорот, државата ќе треба да набави милион дози од руската вакцина. Сепак австриското министерство за здравство соопшти дека граѓаните кои биле вакцинирани во странство со руска или кинеска вакцина против коронавирусот ќе се смета дека не се вакцинирани и нема да можат да користат угостителски услуги, хотели, базени, фризери без негативен тест.

Сите граѓани кои биле вакцинирани во странство со тие вакцини, ќе треба да бидат тестирани пред да користат било каква услуга што ќе следи со олеснување на мерките од 19 мај. 

И една од најтешко погодените земји од коронависрусот, Бразил се соочува со политички проблеми во процесот на вакцинација. Владата на претседателот Жаир Болсонаро е цел на истрага особено по одбивањето на понудата за купување милиони дози кинески вакцини што предизвика дипломатски тензии со Кина.

Бразилската Влада во август минатата година ја одби и понудата за купување на повеќе од 70 милиони вакцини од американската вакцина „Фајзер“ но подоцна се премисли и дозволи купување на вакцините од овој фармацевтски гигант.

0 Коментари

Остави коментари