Австрискиот амбасадор до Владата и пратениците: Го кршите Уставот со новиот предлог закон за игри на среќа
Австрискиот амбасадор во земјава со писмо до владата и до пратениците изразува сериозна загриженост за обидот на брза трака да се помине новиот закон за игри на среќа. Амбасадорот укажува дека овој закон воопшто не минува низ процесот на хармонизрање со законите на еу и оттаму нема никаква потреба да биде со еу знаменце, односно да се носи во скаретна постапка..
Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од уставот на република северна македонија, т.е. Владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право, како и членовите 51 (уставност на законите), 52 (нема ретроактивно дејство) и 59 (нема намалување на правата добиени од странски капитал. Инвестиција), вели австрискиот амбасадор во земјава Џорџ Вутсас.
Тој бара од пратениците доколку на дневен ред на комисијата биде ставен предлог-законот истиот да не го разгледува поради ненадлежност и да не даде согласност за предлог законот поради неуставност.
Владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, со посебна одговорност на законодавниот дом се вели во писмото од австрискиот мабасадор.
Од Владата и од пратеничките групи потврдија дека писмото е примено и дека сериозно ќе се земат предвид забелешките на Австрија.