Австрискиот амбасадор бара да се сменат судии и обвинители во случај со фирма поврзана со роднина на Заев, Заев бара извинување и најави тужба
Преку допис, Амбасадата на Австрија го критикува македонскиот правосуден систем, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриска и валандовската фирма за производство на корнишони. Австриската компанија, како што стои во информацијата во случајот не може да си наплати долг од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража.
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, со критики до македонското правосудство, бара да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спорот што се води меѓу австриската компанија и валандовската фирма поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.
Поранешниот премиер Заев пак попладнево испрати реакција во која побара извинување од амбасадата и најави тужба што неговото име се споменува во овој случај.