Австриска вечер на „Охридско лето“ со уметничка изложба и концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“
Австриската вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ носи две содржини и тоа уметничка изложба посветена на жените од Австрија и Северна Македонија, како и целовечерен концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена.
Квартетот „Арпеџо“ го сочинуваат Леонард Фурда и Јохана Лакроа на виолина, Ентони Гилберт на виола, како и Мара Ахлајтнер на виолончело. Вчерва со нив ќе настапи и харфистката Тина Жердин.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.
Претходно од 19:30 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Калиопе“ – Жените во општеството, културата и науката на Австрија и на Северна Македонија.